21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСоветот на ЕУ го продолжи „животот“ на Европскиот фонд за стратешки инвестиции

Советот на ЕУ го продолжи „животот“ на Европскиот фонд за стратешки инвестиции

eu-invest333

Советот на Европската унија (ЕУ) постигна согласност за продолжување на животниот век на Европскиот фонд за стратешки инвестиции (EFSI), водечката иницијатива на ЕУ, позната уште како „Планот Јункер“.

Договорениот компромис вклучува продолжување на „EFSI“, како во однос на времетраењето, така и во однос на финансискиот капацитет, мобилизирани најмалку 500 милијарди евра инвестиции до 2020-та година.

Тој исто така воведува голем број на оперативни подобрувања, за да се земат предвид лекциите од првата година на имплементацијата.

„Европа денес се соочува со многу предизвици и потребата од промовирање на инвестициите е едно од нив. Ние треба да ја одиграме улогата“, рече Петер Казимир, словачкиот министер за финансии и претседател на Советот.

„Спогодбата значи дека ние го вршиме еден од нашите најважни приоритети во согласност со патоказот, договорена во Братислава во септември. Ова е важен чекор во вистинската насока“, рече тој.

„Уверен сум дека поголем и поефикасен фонд, поддржан од добро функционални капитални пазари, е вистинскиот пат“, додаде уште Казимир.

Преговорите ќе започнат со Европскиот парламент, откако парламентот ја усогласи својата преговарачка позиција.

Од Брисел потсетуваат дека намерата за проширување на Фондот било најавено во говорот на претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер на 14-ти септември. Тогаш европскиот политичар излезе со предлог за зајакнување на „EFSI“ со цел дополнително стимулирање на инвестициите.

Од своја страна еврокомесарот со ресор конкурентност, Јурки Катаинен ги повика земјите членки и Европскиот парламент да го прифати предлогот „за модернизирање на „EFSI“ што е можно поскоро, за да помогнат да ги поддржуваат одржливите инвестиции, да најдат работа за Европејците и да го засилат европскиот раст“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП