2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако правилно да ги трошите вашите пари?

Како правилно да ги трошите вашите пари?

11-5-quiz-header

Истражувањата велат дека еднаш кога вашите основни потреби се задоволени, парите и останатите награди неможат да ве направат посреќни. Па, дали познатата реченица – „парите неможат да ја купат среќата“ е потполно точна? Не баш. Парите, од друга страна, се важно средство тие основни потреби да се задоволат.

Задоволената потреба е цел, а парите средство

Колку пари ви се доволни во животот? Толку колку што ќе ви помогнат да ги задоволите вашите потреби. Додека недостатокот на пари ве прави несреќни, вишокот на пари не ве прават посреќни. Затоа, двете главни прашања кои треба да си ги поставите себеси се: „Кои се моите потреби?“ и „Како да ги употребам парите за да се задоволам?“.

Како да ги идентификувате потребите

Кога прв пат работам со некого, прво го прашувам што сака да подобри во својата работа/живот и поради што. На вториот дел од прашањето личноста обично потешко одговара бидејќи многу луѓе не размислуваат за своите најдлабоки потреби скриени зад слојот на незадоволство. За да го отстраните незадоволството, најпрво морате да ги идентификувате потребите, односно да разберете поради што се чувствувате, размислувате и однесувате на одреден начин.

Дали некогаш сте изреагирале на фактот дека некој заработува повеќе од вас така што сте почнале да ја омаловажувате таа личност? Запрашајте се поради што? Тоа е израз на скриена потреба, а емоциите кои притоа настануваат посебно се важна индикација за истите. А како притоа сте се почувствувале? Луто, изнервирано?

Следниот чекор е да истражите кои мисли довеле до емоцијата која сте ја осетиле. Можеби сте помислиле „Тој тоа не го залужува“, „Јас сум многу подобар од него“ и слично. Меѓутоа, мислите кои во фокусот ги ставаат другите а не вас, ве штитат вас од вистински болни мисли, на пример, дека не сте доволно вредни и комплетни. Ваквите сознанија ќе ви откријат кои се потребите кои се кријат зад одбранбените механизми. Потребата од компетентност, принание, самопочитта се сигурно некои од нив.

Како најдобро да ги искористите парите со цел задоволување на потребите

Да се вратиме на врската меѓу парите и потребите. Користејќи го претходниот пример, потребата за компетентност и признание ќе ја задоволите, на пример, ако ги насочите своите пари на едукација, развој и учење. Дали сте се запрашале некогаш, зошто не се чувствувате среќно и кога имате пари за трошење? Затоа што погрешно ги користите. Не ги насочувате на задоволување на потребите. Ако се чувствувате безвредно, новите чевли нема да направат да се чувствувате повредно, но затоа, на пример, сертификатот за положен курс е сосема нешто друго.

Суштината е навистина да поченете да размислувате за вашите потреби. Можете да трошите пари на што ќе посакате, но ако вас тоа не ве прави среќни, време е да се запрашате кои се вашите потреби. Единствено тогаш ќе најдете задоволство и среќа во трошењето на парите!

На што сакате да трошите пари и дали сте вистински среќни?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП