19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2017 се очекува раст на цената на полираните дијаманти

Во 2017 се очекува раст на цената на полираните дијаманти

argyleviolet-web

Зајакнувањето на американската економија и растот на кинеската побарувачка ќе ја зголеми цената на дијамантите во 2017 година, предвидуваат од ABN AMRO bank.

Поради растот на пазарот за работна сила и пазарот за недвижности во САД ќе се зголеми и побарувачката на накит.

Најавите на новоизбраниот амрерикански преседател Доналд Трамп, во врска со намалувањето на даноците и зголемената побарувачка во секторот на инфраструктурата и одбраната, ќе одиграат важна улога во зајакнувањето на економскиот раст на САД, тие го сочинуваат 30 до 40 отсто од глобалниот пазар за побарувачка на дијамантскиот накит.

RAPI индекс за 1-каратно полирани дијаманти во првите 10 месеци од оваа година забележа пад за 4 отсто.

АМRО bank ја зголеми својата прогноза за економскиот раст во Кина, од 6 одсто на 6,5 отсто. Во согласност со овие предвидувања, се очекува раст на кинеската средната класа, а со текот на времето и на раст на побарувачката на дијаманти, предвидуваат од банката.

Посилната побарувачка на накит ќе ја подобри внатрешната структура на дијамантската индустрија, која во последниве години страдаше од нерамнотежата помеѓу обработени и необработени дијаманти, се објаснува во извештајот од банката.

Истовремено, АМRО bank предвидува дека глобалното производство на необработени дијаманти во следната година ќе биде стабилено, и ќе изнесува околу 126 милиони карати. Поради послабата класа руда, исцрпувањето на постојните депозити и недостатокот на нови рудници, банката на долг рок очекува дека производството на необработени дијаманти ќе се намалува со стапка од 1 отсто на годишно ниво.

Банката посочува дека производството на дијаманти во лаборатории може да го замени недостаток на природни груби дијаманти, под услов цените бидат атрактивни и привлечни и дека потрошувачите ќе ги прифатат синтетички дијаманти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП