23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Колку пиво испиле Европејците во текот на минатата година?

График на денот: Колку пиво испиле Европејците во текот на минатата година?

opivo-000

Според последниот извештај на организацијата „Brewers of Europe“, кој ги претставува податоците на пиварската индустрија во сите земји членки на Европската унија (ЕУ), најмногу пиво било испиено во Германија – над 86 илјади хектолитри. Следат Велика Британија (43.762 хектолитри) и Полска (37.706 хектолитри), додека средното ниво на потрошувачка за Европа изнесува малку над 12 илјади хектолитри.

Ако ја погледнеме потрошувачката по глава на жител, сепак податоците се малку различни. Според овој показател Чешка, која е само на 8-мо место во вкупна потрошувачка, ја предводи листата со 143 литри испиено пиво по глава на жител. На второ место е Германија со 106 литри, а на трето е Австрија со 105 литри.

Најмалку пиво пијат Италијанците (31 литри по глава на жител), Франција (исто 31 литри) и Грција (35 литри).

„Податоците за 2016 –та година изгледаат многу ветувачки и уште еднаш нагласуваат како пивото и неговиот синџир на вредност се движат на патот кон закрепнување по економската криза од 2008-2009 година“, рече Пјер Оливие Бергерон, генерален секретар на „The Brewers of Europe“.

„По многу тежок период во 2008/2009 година од 2010-та година гледаме дека воопшто потрошувачката и производството во Европа остануваат релативно стабилни. Многу нови пиварници се отвораат во Европа, што покажува како пивото денес ја одигра својата улога во економското заздравување“, додава тој.

Пивскиот сектор останува клучен актер и во промовирањето на создавање на нови работни места – клучен столб од стратегијата „Europe 2020 Growth Strategy“, и се должи на растот на извозот, кој во 2015-та година е зголемен до 8 милијарди литри. Во цела Европа производителите на пиво имаат ангажирано над 121.000 лица.

Во моментов има над 6.500 активни производители на пиво во ЕУ, кои вкупно имаат произведено речиси 400 илјади хектолитри пиво. Нивниот број е двојно поголем од оној во 2008-ма година, а само во 2015-та година тие се за 650 повеќе во однос на претходната година.

„Отворањето на толку многу нови пиварници не е само знак на доверба што Европејците ја имаат кон секторот. Тоа го покажува и ентузијазмот кој корисниците го имаат кон разновидноста и квалитетот на производот“, вели уште Бергерон.

opivo-001

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП