5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците одбија да ги продолжат мерките за штедење по 2018 година

Грците одбија да ги продолжат мерките за штедење по 2018 година

untitled2

Грчките власти го отфрлија повикот од меѓународните кредитори офцијална Атина да продолжи со примената на болните мерки за штедње и после 2018 година.

„Владата во Атина е одлучна да ги продолжи преговорите со членките на еврозоната и Меѓународниот монетаренд фонд , но одбива да ги прифати мерките кои се однесуваат на периодот после 2018 година“, изјави портпаролот на грчката влада Димитрис Цанакопулос, пренесува агенцијата Франс прес.

Неговите коментари доаѓаат еден ден откако кредиторите од еврозоната одобрија сет од краткорочни мерки за помош на Грција, во знак на награда за Атина за успешното заклучување на последната рунда буџетски и економски реформи во рамките на огромната програма за помош – трета од 2010 година.

Тие мерки подразбираат продолжување на рокот на отплата на кредити и прилагодување на каматните стапки, пренесува АФП.

Кредиторите од еврозоната бараат од Грција, во рамките на 86 милијарди евра вредниот пакет помош, да спроведе опсежни реформи и да го продаде државниот имот, но преговарачите досега не успеаа да се договорат за реформите во областа на работното законодавство и енергетиката, односно за грчките фискални цели за 2018 година.

Договорот би овозможил разговор за значајните мерки за ублажување на грчкиот долг, кој изнесува околу 180 проценти од бруто домашниот производ, што е највисокото ниво во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП