3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен дефицитот на САД во трговијата со светот

Зголемен дефицитот на САД во трговијата со светот

12984061685846ef5a52a51229076947_w640

Трговскиот дефицит на САД во октомври порасна, бидејќи увозот на потрошувачката стока скокна, а извозот на соја и злато опадна.

Американскиот трговски дефицит во октомври е зголемен за 17,8 проценти во однос на септември, на вкупно 42,6 милијарди долари, соопшти американското Министерство за трговија, а пренесува агенцијата АП.

Во септември, трговскиот дефицит изнесувал 36,2 милијарди долари, што беше најнискиот дефицит од декември 2013 година.

Сепак, дефицитот во трговијата со стоки со Кина е намален на 31,1 милијарди долари и за 6,2 проценти е понизок од минатогодишното ниво.

Дефицитот во тргвијата на САД со Европската унија порасна за 29,2 проценти, на 13,1 милијарди долари, додека дефицитот во тровијата со Мексико скокна за 18,1 проценти, на 6,2 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП