19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо втората половина од 2017-та ќе започне изградбата на Турски поток

Во втората половина од 2017-та ќе започне изградбата на Турски поток

turkish_stream_route_gazprom

Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган го потпиша законот за ратификување на договорот со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“.

По преговорите во Москва, меѓу турскиот премиер Бинали Јилдирим и рускиот премиер Димитриј Медведев, потврдено е дека изградбата на морската делница за гасоводот ќе започне во втората половина од 2017 година, изјави преседателот на „Газпром“ Алексеј Милер.

Откако турскиот преседател Реџеп Тајип Ердоган го потпиша законот за ратификување на договорот со Русија за изградба на гасоводот „Турски поток“, на тој начин Турција конечно го ратификува договорот.

Бинали Јилдирим пред да замине во официјална посета на Русија, истакна дека турскиот Парламент минатата недела го одобрил законот за ратификување на договорот, но сега се очекува рускиот Парламент да го направи истото.

Според проектот, гасоводот ќе минува по дното на Црно Море до европскиот дел на Турција и границата со Грција. Должината на морската делница ќе биде околу 910 километри, а на копнениот дел 180 километри. Вредноста на проектот ќе изнесува 11,4 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП