28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска има потреба од 64.000 странски работници годишно

Шведска има потреба од 64.000 странски работници годишно

ostermalm-saluhall

Шведската Агенција за вработување соопшти дека на оваа скандинавска земја годишно и се потребни 64.000 имигранти со цел да се спречи падот на економскиот раст, предизвикан од недостатокот на стручна работна сила.

Генералниот директор на Агенцијата, Микаел Сјобер во изјава за државната телевизија „SVT“ рече дека недостатокот на стручна работна сила веќе следната година може значително да и наштети на Шведска.

Од канцеларијата за вработување наведуват дека поради недоволен број на работно способно домашно население, потребен е поголем број на странски работници.

„Стапката на наталитет во Шведска е многу ниска. Домашното население се намалува. Со цел да се продолжи со натамошен раст, потребна е работа, а со тоа и поголема популација“, вели Јохан Бишман од Агенцијата за вработување.

Тој додаде дека во некои компании веќе се чувствува недостатокот на работна сила, нагласувајќи дека овој проблем ќе расте и следната година.

„Недостатокот на работна сила веќе има влијание на јавниот сектор, а следната година последиците ќе ги почувствуваат повеќето претприемништва. Одреден број на приватни компании исто така се погодени од овој проблем кој ќе расте и следната година“, вели Бишман.

Според Агенцијата за вработување на Шведска, намалувањето на бројот на луѓе кои го напуштаат средното училиште пред завршување на школувањето и подигнувањето на старосната граница за пензионирање се начини кои би можеле да ја олеснат ситуацијата, но наведуваат дека за долгорочно решение е неопходна имиграција.

Според податоците на Агенцијата за вработување на Шведска, се поголем број на работни места во оваа земја ги добиваат лица кои не се родени во оваа земја. Се наведува дека главната причина за тоа е што константно се намалува бројот на работно способни Швеѓани, па поради тоа шведските компании вработуваат се повеќе странци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП