26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарија: Ајде да разговараме за банките

Швајцарија: Ајде да разговараме за банките

shva1

Швајцарија е подготвена да разговара за автоматската размена на банкарските информации во рамките на борбата против даночното затајување.

Швајцарското министерство за финансии соопшти, сепак, дека за нешто такво е потребно да се воспостават глобални стандарди.

„Доколку автоматската размена на информации стане меѓународен стандард, Швајцарија ќе биде подготвена да разговара за тоа“, изјави портпаролката на швајцарското министерство за финансии Ана Сесар.

Во Швајцарија банкарските тајни за податоците со децении се практикуваат, со цел да се заштити приватноста.

Иако оваа земја неодамна покрена борба против непријавените сретства како дел од напорите да ја поправи својата репутација како даночна оаза, Швајцарија до сега тврдоглаво одбиваше да прифати автоматска размена на банкарски информации.

„Таквиот стандард мора да го прифатат сите големи американски, европски и азиски финансиски центри“, изјави портпаролката.

„Швајцарија веќе ги исполнува своите меѓународни обврски во поглед на борбата против перење пари, за разлика од некои финансиски центри на американскиот континент и голем број на офшор центри“, додаде таа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП