
Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека отпорот кон мерките за штедење во ЕУ се зголемува.


Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изјави дека отпорот кон мерките за штедење во ЕУ се зголемува.
Поддржувачите на политиката која е против штедењето го поздравија поранешниот социјалистички премиер на Португалија, Жозе Мануел Баросо, поради, како што го нарекоа, неговото „будење од кома“ и коментираа дека можеби повторно треба да се размисли за фокусот на европскиот блок кој е насочен кој штедењето, пренесува Франс Прес.
Неговите коментари, сепак, предизвикаа и критики, па така, говорот на Баросо беше оценет како празен, бидејќи тој не понудил никакво алтернативно решение за 340 милиони луѓе во еврозоната, која е погодена од рецесија и невработеност, додека големите економии од тој блок, како што се Франција и Шпанија, бараат дополнително време за намалување на својот дефицит.
Баросо изјави дека, иако смета дека оваа политика е точна, таа ги преминала сите граници во многу аспекти.
„Таквата политика мора да има минимум политичка и социјална поддршка“, изјави тој.