30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUniCredit преговара со Amundi за продажба на Pioneer Investments

UniCredit преговара со Amundi за продажба на Pioneer Investments

un2credit

Италијанската банка „UniCredit“ преговара со француската „Аmundi“ за продажба на бизнисот за управување со средства „Pioneer Investmens“, соопшти „Ројтерс“, а договорот се проценува на 3,5 милијарди евра.

„Amundi“ има предложено подобра понуда од онаа на конзорциумот предводен од „Poste Italiane“ и од онаа на конкурентот „Ameriprise Financial“. Според двајца извори кои посакале да останат анонимни, понудата била највисока, освен тоа таа вклучувала и најдобар предлог за дистрибуција на финансиските производи на „Pioneer“.

Според трет извор, „Amundi“ e подготвена да плати над 3,5 милијарди евра, иако не е јасно дали во оваа сума се вклучува и „кешот“ од 325 милиони евра, држана од „Pioneer“.

„UniCredit“ ги разгледува можностите за продажба на средствата во рамките на управувањето со новиот извршен директор Жан-Пјер Мустие. На 13-ти декември ќе бидат претставени деталите за стратешкиот план, наведува „Ројтерс“.

„Pioneer“ e на шестото место во Европа по управување со средства, а управува со околу 225 милијарди евра.

Бидејќи инвеститорите во светот бараат повисок поврат, компаниите за управување со средства се зголемија и така тие станаа попривлечни за банките и финансиските институции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП