ПочетнаЕКОНОМИЈАФабричките нарачки во Германија растат со брзо темпо

Фабричките нарачки во Германија растат со брзо темпо

odre3

Фабричките нарачки во Германија се зголемуваат во текот на октомври со брзо темпо од над две години, соопштува „Ројтерс“, повикувајќи се на федералната служба за статистика „Destatis“.

Податоците покажуваат дека индустрискиот сектор ќе го поддржи растот во најголемата европска економија во следните месеци.

Индустриските нарачки пораснаа со 4,9% на месечна основа, а таков раст последен пат имаше во јули 2014-та година и е далеку над просечната прогноза на економистите анкетирани од „Ројтерс“. Експертите очекуваа 0,6% зголемување.

Домашната побарувачка расте со 6,3%, а нарачките од странство со 3,9 отсто, иако оние од еврозоната стагнираа.

Податоците за септември се ревидирани нагоре, а падот не е 0,6%, како што беше првичната проценка, туку е 0,3%.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП