29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија воведува данок за зашеќерените пијалаци

Британија воведува данок за зашеќерените пијалаци

seker33

Британската управа за приходи и царини во понеделник објави предлог закон со кој има намера да воведе данок на напитоците со висок удел на шеќер, со цел борба против дебелеењето.

Според предлогот, се планира да се воведат две стапки данок на безалкохолни пијалаци со додаток на шеќер – ниска за пијалаците со повеќе од пет грама шеќер на 100 милилитри и висока, за пијалаците со удел на шеќер над осум грама.

Данокот што првично е најавен за март, на сила би требало да стапи во април 2018 година, со што на производителите би им се дал рок да го намалат уделот на шеќер во своите производи.

Кока Кола и ПепсиКо, веќе промовираа пијалаци без шеќер, кои би биле изземени од овој данок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП