27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКатарците сакаат соработка со македонските компании

Катарците сакаат соработка со македонските компании

katar

Македонската бизнис делегација од Сојузот на стопански комори, која во Доха учествува на 8. Светски коморски конгрес, оствари средби со дистрибутерски и логистички компании, супермаркети и посреднички компании од Катар за извоз на македонските производи во арапскиот свет.

Катарските стопанственици пројавиле интерес за соработка со македонски компании особено во делот на кондиторската индустрија и градежништвото.

– Катарските бизнисмени покажаа интерес за соработка со производствените компании од Македонија, во делот на кондиторската индустрија, агро производството – особено ран зеленчук, како и вложувања во заокружено производство на јагнешко месо. Покрај тоа заинтересирани се за соработка со компании од градежната индустрија, како подизведувачи во ниско градба-патна инфраструктура и квалификувана работна сила, изјави претседателот на ССК, Златко Калеников.

ССК најави дека во следните денови ќе потпише меморандуми за соработка со стопанските комори на Јордан, Дубаи, Уганда и други.

Покрај делегацијата од ССК, на саемот во Доха учествуваат и претставници од Агенцијата за странски инвестиции и од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони предводени од директорот Виктор Мизо.

На саемот во Доха, кој трае до четврток, учествуваат 1.500 претставници од 105 држави во светот.

Катар е држава во која главни економски двигатели се гасот и нафтата. Во моментот е во градежна експанзија меѓу другото и поради претстојното Светско фудбалско првенство чиј домаќин ќе биде во 2020 година. Земјите од цел свет инвестираат и дистрибуираат производи преку Катар во сите арапски земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП