18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМиноски: Намален ДДВ и субвенции за стимулирање на затоплување со пелети

Миноски: Намален ДДВ и субвенции за стимулирање на затоплување со пелети

kiril-minovski33

За да се стимулира загревањето на домовите со енергенси што не ја загадуваат околината, министерот за финансии, Кирил Миноски, во понеделник најави намалување на стапка на Данок на додадена вредност од 18 на 5 отсто и субвенции.

„Токму еколошкиот аспект, односно намалувањето на проблемот со загадувањето во повеќе градови беше причината на мерките што ги спроведуваме и се во насока на стимулација на производи што придонесуваат за зголемување на еколошката свест и зголемено користење на еколошко чисти енергенси како што се пелетите“, рече Миноски, при посетате на компанијата „Екошпар“ што произведува котли за греење на пелети.

Покрај даночните олеснувања, Миноски ги најави и мерките за субвенционирање на печки на пелети.

„Покрај намалувањето на загадувањето, печките на пелети имаат повисок степен на искористеност на ослободената енергија. Сметаме дека со овие мерки и со стимулациите во ЈП Македонски шуми во насока на изградба на погони за преработка на дел од отпадот во пелети, ќе го заокружиме овој систем што ќе стимулира затоплување со пелети“, рече Миноски.

Директорот на „Екопшар“, Јован Јовановски, истакна дека намалувањето на ДДВ-то за нивните производи ја стимулира продажбата на нивните котли во Македонија, истовремено изразувајќи очекување дека воведувањето на субвенциите дополнително ќе ја зголеми побарувачката на пазарот за котли за загревање на пелети.

Мерките што ги планира Владата за стимулација на користењето на котли на пелети за греење во домаќинствата предвидува државата да учествува со 50 отсто од малопродажната цена на таквите еколошки котли за затоплување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП