7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган има нов план како да го запре падот на лирата

Ердоган има нов план како да го запре падот на лирата

tayyip-erdogan-reuters-650_650x400_41470170333

Турција презема чекори со кои сака да овозможи тргувањето со Кина, Русија и Иран да се одвива во локални валути, изјави турскиот преседател Реџеп Тајип Ердоган.

Тоа е најновата мерка на владата со која се настојува да се запре падот на турската лира.

Турскиот претседател рекол и дека премиерот Бинали Јилдрим на оваа тема ќе разговара во текот на неговата посета во Русија, која ќе биде во блиска иднина.

Ердоган ги повика сите Турци, свои заштеди кои ги имаат во странска валута да ги заменат во лири, како би се спечил падот на турската валута.

Лирата оваа година изгуби петтина од својата вредност, првенствено како последица на зајакнувањето на америчкиот долар, и неуспешниот пуч кој се случи во средината на 2016 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП