17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради инфлацијата Венецуела принудена да печати нови апоени на домашната валута

Поради инфлацијата Венецуела принудена да печати нови апоени на домашната валута

7_main_ukr

Владата на Венецуела, поради големата инфлација е принудена да печати шест нови апоени на домашната валута Venezuelan bolívar (боливар фуерте), новите банкноти ќе бидат во оптек од 15 декември оваа година.

Досега најголемата банкнота во Венецуела била 100 боливари, од Централната банка на Венецуела соопштија дека е во процес печатењето на банкнотата од шест нови апоени во опсег од 5.000 до 20.000 боливари.

Галопирачкиот тренд на инфлација веќе се мери со бројки со три нули, а само во изминатите 30 дена вредноста на боливарот падна за 67 отсто.

Според сегашниот курс, еден американски долар вреди дури 4.587 венецуелски боливари. Највредната нова банкнота од 20.000 боливари е со вредност од 4,3 долари.

На банкоматите во Венецуела со месеци можат да се подигнат ограничени и исклучитлено мали количини пари.

Според процените на Меѓународниот монетарен фонд (MMФ), инфлацијата во Венецуела ќе продолжи и во наредната година, а до крајот на 2017 година се предвидува дека инфлацијата ќе се мери со бројки со четири нули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП