22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАОстровот ги објави деталите за идниот план за инвестиции во инфраструктурата

Островот ги објави деталите за идниот план за инвестиции во инфраструктурата

infra-vb33

Британската влада го објави идниот план за инвестиции во инфраструктурата, кој претставува детали за проекти од рекордни 500 милијарди фунти (634 милијарди долари), планирани да бидат реализирани во текот на следните години, соопштува „Bloomberg“.

Со државни инвестиции ќе се финансираат околу 40% од идните проекти, а минатиот месец, министерот за финансии Филип Хамонд најави планови за создавање и на „National Productivity Investment Fund“ со вредност 23 милијарди фунти, објави денес Министерството за финансии.

Проектите ги вклучуваат тунелот на Темза „Thames Tideway Tunnel“, инсталацијата на интелигентни мерни инструменти и поправка на автопат во Источна Англија.

„Ова е јасен доказ за нашата апсолутна посветеност да се осигура дека инфраструктурата ни е подготвена за иднината“, пишува главниот секретар на Министерството за финансии Дејвид Гок во соопштението. Ова стои „во центарот на нашите амбициозни планови да ја стесниме разликата во продуктивноста и да се изгради фер економија за сите“.

Приватните инвестиции придонесуваат за околу половина од идните проекти до 2020-21 година, кои се движат од транспорт и широкопојасен интернет до заштита од поплави и домување, пишува Министерството за финансии.

Подобрувањето на продуктивноста преку таргетирање на инвестиции е главната цел, исцртана од Хамонд во неговата изјава од 23-ти ноември, во обид да ја подготви британската економија за идните шокови од „Brexit“. Тој најави зголемување на заемите за да се финансираат трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП