21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Отписот не помага, конечно спроведете ги реформите“

„Отписот не помага, конечно спроведете ги реформите“

22943828958343ea36b22b485865121_w640

Министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле ја повика Грција да продолжи со реформите.

Шојбле за германскиот „Bild am Sonntag“, ден пред состанокот на министрите за финансии на државите членки на еврозонатата кои го анализираа напредокот во програмата за помош на Грција, истакна дека отписот на дел од долгот „не би и помогнал на Грција“, пренесува АП.

Агенцијата наведува дека ММФ тврди дека на Грција и се потребни подобри услови за отплатата на долгот со цел нејзината економија да закрепне, но Германија како главен кредитор се противи на таквите мерки.

„Атина мора конечно да ги спроведе неопходните реформи. Ако Грција сака да остане во еврозоната, тоа не може да го избегне“, потенцираше Шојбле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП