10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврото паѓа по италијанскиот реферндум

Еврото паѓа по италијанскиот реферндум

renci

Еврото падна во однос на другите валути одма по излегувањето на првите анкети кои покажаа дека граѓаните на Италија на референдумот ги отфрлија уставните промени предложени од премиерот Матео Ренци, пренесува Ројтерс.

Ројтерс оценува дека отфрлувањето на уставните реформи ја донесе во прашање политичката иднина на Ренци, и се отвара врата за нова политичка нестабилност во земјата.

Проекциите покажуваат дека разликата во гласовите може да биде и до 20 отсто повеќе во корист на противниците на реформите, а ако се потврди, тоа ќе биде голем удар и за Европската унија, која се бори да надмине повеќе кризи и која сакаше Ренци да продолжи со реформите, констатира Ројтерс.

Дојче Веле претходно изјави дека финансиските пазари покажуваат нервоза пред референдумот, и ако граѓаните заокружат “не”, се стравува дека тоа би можело да биде крај за еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП