6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Онлајн продажбата околу Денот на благодарноста

График на денот: Онлајн продажбата околу Денот на благодарноста

cajber-pon-00

Кога Американците започнуваат да го слават Денот на благодарноста во 19-тиот век, идејата е да се оддаде почит на благословите во текот на годината, и тоа најмногу од добиената реколта. Меѓутоа, денес изгледа дека многу луѓе го поминуваат празникот, мислејќи за она што можеби им е потребно, а не за она што го имаат, коментира „Statista“.

Во последните неколку години викендот околу Денот на благодарноста се претвори во огромна трговска фарса како во физичките продавници, така и во онлајн. Трговците се обидуваат да се натпреваруваат едни со други, нудејќи најдобри шеми за „Црниот петок“ или „Сајбер понеделникот“, а корисниците со радост чекаат да ја искористат шансата да го започнат празничниот шопинг и од некоја друга зделка.

Не е изненадувачки, дека викендот околу Денот на благодарноста оваа година уште еднаш забележа рекорден шопинг на интернет. Според „Adobe Digital Insights“ општата онлајн продажба за петдневниот период од Денот на благодарноста до „Сајбер понеделникот“ изнесува 12,8 милијарди долари, д овогодинешниот „Сајбер понеделник“ стана најпрофитабилниот ден за онлајн шопинг во историјата.

„Црниот петок“ и „Сајбер понеделникот“ биле и првите денови во историјата, кои надмина продажба од 1 милијарда долари, направени преку мобилни уреди. Интересно е дека мобилната продажба се пренасочи од таблети кон смартфони само за две години, одразувајќи го поширокиот тренд, при што популарноста на таблетите слабее за сметка на смартфоните со голем екран.

cajber-pon-01

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП