21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНорвешкиот државен инвестициски фонд се насочува кон акции

Норвешкиот државен инвестициски фонд се насочува кон акции

kalkulator33

Најголемиот државен инвестициски фонд во светот – тој на Норвешка, планира продажба на државни обврзници и да вложи 130 милијарди долари во акции во наредните години, со цел да се подобри профитабилноста од инвестициите, пишува „Bloomberg“.

Одборот на норвешката централна банка, која управува со фондот, одлучи уделот на инвестициите во акции на фондот да се зголеми до 75% од средствата од сегашните 60%. Тоа, според банката, ќе го зголеми просечното годишно враќање до 2,5% за 10 години и до 3,5% за период од 30 години.

Во моментов просечното годишно враќање е 2,1% за 10 години и 2,6% за 30 години, наведува агенцијата.

Фондот очекува годишното враќање од обврзниците да достигне само 0,25% за период од 10 години.

Конечната одлука за зајакнување на инвестициите на фондот во акции мора да биде донесена од страна на парламентот на Норвешка. Веројатно предлогот ќе биде одобрен, бидејќи и пратеници повикаа за зајакнување на инвестициите во акции.

Со цел зголемување на приносот, Фондот во последните две години ударно инвестира и во имот, најчесто на водечките пазари во Европа, САД и Азија. Лондон е негова омилена дестинација.

Според анализатa на „Bloomberg“, победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД ќе доведе до сериозни промени во стратегијата на фондот во предвид очекуваните од пазарите олеснувања на регулаторните режими.

Трамп сепак може да претставува и закана пред проширувањето на инвестициите на фондот, што може да доведе до решение за ревизија на инвестициите во САД, забележуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП