30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија најверојатно ќе ја тужи Германија поради патарините за странци

Австрија најверојатно ќе ја тужи Германија поради патарините за странци

autoban3777

Австрија има намера да преземе законски дејства против планираното воведување на патарина за автопатите во Германија, соопшти пратеникот Антон Хајнцел од владејачката Австриска социјалдемократска партија (АСДП).

Берлин и Брисел постигнаа договор за специјалните давачки за странските возила, потсетуваат агенциите.

Компромисот постигнат меѓу германскиот министер за транспорт Александар Добринт и европскиот комесар за транспорт Виолета Булц ќе биде „разгледан многу подетално“ од австриската влада, за да се види дали се потребни законски дејства, истакна пратеникот.

„Ако се покаже дека тоа е дискриминација на Австријците, ќе се бориме против оваа патна такса со сите можни средства, вклучувајќи судски“, посочи Хајнцел кој како пратеник од АСДП е одговорен за транспорт.

На крајот на септември ЕК соопшти дека може да ја тужи Германија поради таксите, бидејќи се создава исклучок за германските возачи и се дискриминираат возачите од други земји од ЕУ.

Комисијата го усвои изменетиот план, при што Германија ќе воведе пет категории такси за автомобили, наместо три. Краткорочните тарифи ќе бидат пропорционални на годишната „тол“ такса. Предвидено е такси да плаќаат и германските граѓани, но тие ќе им се задржуваат со даноците.

Холандија веќе ја објави својата намера да ја даде Германија пред Судот на ЕУ поради овој план.

Добринт го заштити планот пред парламентот, истакнувајќи дека само оние кои ги користат автопатите, ќе мора да плаќаат. Тој додаде дека приходите во буџетот од патарините се очекува да бидат 500 милиони евра годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП