20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте стравот од продлабочување на кризата во еврозоната

Расте стравот од продлабочување на кризата во еврозоната

eu111111

Остриот пад на активностите во германскиот приватен сектор во април го засени малку поблагиот пад во Франција, покажа извештајот на лондонскиот интитут Маркит, потврдувајќи го стравот од продлабочување на кризата во еврозоната.

Во првата проценка од Маркит пресметале дека индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) за приватниот сектор во еврозоната во април се зголемил за 46,6 поени, од претходните 46,4 поени кои беа забележани во март. Оваа вредност и понатака е под нивото од 50 поени, односно границата која ги оделува растот и падот.

„Досега Германија бележеше раст, а другите земји особено Шпанија, Италија и Франција пад. Сега се чини дека им се придружи и најголемата економија, Германија, а тоа несомнено ќе го забави растот“, изјави главниот економист во Маркит, Крис Вилијамсон.

Во Германија активностите се намалија за прв пат во ноември 2012 година, паѓајќи на најниското ниво во последните шест месеци.

Активностите во францускиот приватен сектор малку се стабилизираа, откако минатите месеци беше забележано најниското ниво во изминатите четири години.

Во последните три месеци од минатата година економијата на еврозоната се намали за 0,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП