14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголем промет оствари акцијата на Стопанска банка-Скопје

Најголем промет оствари акцијата на Стопанска банка-Скопје

mk-berza224

Крајот на работната седмица донесе промет од 7,2 милиони денари, реализирани преку 54 трансакции.

Интересот на инвеститорите во петокот беше насочен на акцијата на Стопанска банка Скопје, со којашто беа истргувани 3.016 акции по просечна цена од 959,84 денари.

Со акцијата на Алкалоид беше реализиран промет од 1,1 милион денари преку 205 истргувани акции.

Една обврзница беше тргувана во петокот, и тоа од 15тата емисија (РМДЕН15). Вкупно 17.000 лота беа истргувани, а просечната цена изнесуваше 92,50 отсто.

МБИ10 забележа нов пад на вредноста од -0,39 отсто додека ОМБ повторно остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП