7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕрдоган: Извадете ги девизите од под перница, помогнете и на лирата

Ердоган: Извадете ги девизите од под перница, помогнете и на лирата

1922777934584188042d495960211168_w640

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган ги повика граѓаните на Турција да ги конвертираат странските валути во злато и во лири, како би ја стимулирале националната економија.

Овој повик на Ердоган доаѓа откако лирата продолжи да слабее во однос на доларот.

„За оние кои имаат странски валути „под перница“, променете ги во злато и во турски лири. Подигнете ја вредноста на лирата и златото“, рече Ердоган во Анкара, а пренесува агенцијата Франс прес.

За време на неговиот говор, лирата продолжи да слабее во однос на доларот, намалувајќи се на минимална вредност од 3,51 лири за долар, а по неговото обраќање, вредноста на лирата се движела околу 3,55 лири за долар, што е загуба од околу 1,5 проценти на дневно ниво.

Само во ноември, турската валута загуби повеќе од 10 проценти од вредноста во однос на доларот.

Лирата реагирала и на инсистирањето на Ердоган на тоа, централната банка на Турција да ја намали каматната стапка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП