18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКампања ЕКОС: Десет деловни субјекти ја оптимизираа потрошувачката на енергија

Кампања ЕКОС: Десет деловни субјекти ја оптимизираа потрошувачката на енергија

delovni-subjekti3

Десет деловни субјекти ја оптимизираа потрошувачката на енергија благодарејќи на кампањата ЕКОС на Секторот за енергетика при Министерството за економија на Република Македонија, спроведувана од здружението МАЦЕФ – Центар за енергетска ефикасност на Македонија.

Кампањата има за цел практично да укаже на големиот потенцијал за штедење на енергија кај малите и средни претпријатија и да ги информира останатите учесници во индустријата за придобивките од нивната примена.

„Со оваа Кампања, Министерството за економија им помогна на десет деловни субјекти да ја оптимизираат потрошувачката на енергија, да загадуваат помалку и да ги намалат трошоците за производство при што ќе се создадат услови за нивна поголема конкурентност на пазарот. Од друга страна, придонесуваме кон националните цели за годишна заштеда на енергија преку спроведување на мерки за енергетска ефикасност во индустријата до 2018 година кои учествуваат со 14 % во вкупната потрошувачка на енергија во државата“, изјавија од секторот за енергетика при министерството.

„Енергетските контроли беа приготвени за кус период на сметка на добрата соработка со претпријатијата. Пријавените компании Свисслион Агроплод (Ресен), ПИ Свисслион (Скопје), Дрога Колинска (Скопје), Раде Кончар – Контактори и релеи доо (Скопје), ДЕ Јуре (Скопје), Фротирка Компани АД (Делчево),  ДХУ Арка (Скопје), ЈПКД Огражден (Босилово), Електро Шарри (Желино) и   Унипалас (Кавадарци) во овој момент имаат на располагање Акциски планови за унапредување на потрошувачката на енергија во нивните капацитети.

„Искрено се надеваме дека овој пример ќе го следат и другите фирми од индустријата бидејќи резултати т.е. заштедите се гарантирани“, рече Јасминка Димитрова Капац, сертифициран енергетски контролор од МАЦЕФ и раководител на кампањата ЕКОС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП