8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо изградба на станови лани биле инвестирани 210 милиони евра

Во изградба на станови лани биле инвестирани 210 милиони евра

najmnogu-stanovi-vo-skopje-se-gradat-vo-gjorche-petrov-217097

Минатата година се завршени 5.297 станови во целата земја, а од нив 1.750 били двособни, на второ место се трисобните, од кои биле изградени 1.498 стана, а далеку зад нив се четирисобните ( 739 ) и еднособните ( 671 ) станови и 639 станови со пет или повеќе соби.

Во 2015 година вкупната корисна површина на завршените станови изнесува 430.858 квадратни метри, со просечна големина на еден стан од 81 квадрат. Од вкупниот број на завршени станови, 5.126 станови се на приватни инвеститори, а јавниот сектор помогнал со изградба на 171 стана.

Вкупната вредност на извршените градежни работи изнесува 680 милиони евра,од кои 380 милиони евра се градежни зафати во јавна сопственост.Најголемиот удел во вредноста на извршените градежни работи имаат станбените зградби, во чија изградба лани биле потрошени 210 милиони евра.

Според последниот статистички извештај предвидена е изградба на 1.009 стана во вкупна површина од 78.143 квадратни метри во септември.

Скопскиот регион и понатаму останува како најатрактивен за изградба на станови од страна на приватните инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП