20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонски парадокс: 200.000 невработени, 7.000 слободни места

Македонски парадокс: 200.000 невработени, 7.000 слободни места

rabota

Во Македонија околу 200.000 луѓе се без работа односно има стапка на невработеност од 24%. Истовремено податоците на Агенцијата за вработување (АВРМ) и на Државниот завод за статистика (ДЗС) покажуваат дека има околу 7.000 слободни работни места – од чистачи и водоинсталатери до програмери и брокери.

ДЗС: 6.687 слободни работни места

Во Македонија има 6.687 слободни работни места покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) кои се однесуваат на вториот квартал од годинава.

Најмногу работници се бараат во секторите: преработувачка индустрија (1.676), трговија (1.431), градежништво (604).

По региони најмногу слободни места има во: Скопски (3.327), Југоисточен (802), Југозападен (535),  Пелагониски (496), Вардарски (467), Источен (465), Североисточен (383) и Полошки (211).

АВРМ: 6.889 слободни работни места

Податоците на Агенцијата за вработување (АВРМ), пак, покажуваат дека во земјава во моментов има 6.889 слободни работни места.

Нивните анализи покажуваат дека најмногу слободни места има во Скопје (4.389), другите градови се со далеку помалку позиции. Во Македонски Брод и Свети Николе нема ниту едно слободно место.

По дејности најмногу работници се бараат во преработувачката индустрија, потоа во трговијата, административни и помошни дејности…

Најбарани занимања се обезбедувачи, потоа продавачи, шивачи, општи работници…

199.146 на списоците на агенцијата

Според последните податоци кои се однесуваат на септември, на списоците на Агенцијата за вработување се заведени вкупно 199.146 луѓе, од нив како „невработени“ се водат 103.646, а како „други лица кои бараат работа“ 95.500.

Во категоријата „невработени“ 59% се мажи, а 41% жени.

Во категоријата „други лица кои бараат работа“ 53% се мажи, а 47% жени.

И во двете категории најмногу луѓе има во Скопје, 16.377. Следат Тетово 13.483, Куманово 9.781, Прилеп 7.782…

43.372 од невработените се без или само со основно образование, 14.046 со незавршено средно, 30.865 со завршено средно, 1.742 со вишо, 12.693 со високо, 902 се магистри, а 26 доктори на науки.

Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) кој користи друга методологија покажуваат дека во Македонија има вкупно 227.702 невработени и 720.674 вработени односно стапка на невработеност од 24%.

Најмногу вработувања се очекуваат во преработувачката индустрија

Во Анализата на пазарот на труд за периодот 2015 – 2016 која ја направила АВРМ е наведено дека се очекува 45% од вработувањата да бидат реализирани во преработувачка индустрија, 20.4% во трговијата, 9.6% во градежништвото, 5.2% во транспорт и складирање, 4.1% во финансиските и дејностите на осигурување, 3% во објекти за сместување и сервисни дејности за храна.

Набљудувано по регион, во Скопскиот се предвидува да се реализираат 44.1% од вкупниот број на очекувани вработувања, во Источен 18%, во Пелагониски 11%, во Вардарскиот 8.7%, во Југоисточниот 8.4%, во Североисточен 7.3%, во Југозападниот 1.3% и во Полошки 1.2%.

Според степенот на потребно образование 10.8% од очекуваните вработувања треба да бидат за луѓе со завршено високо образование, 7.9% со вишо, 63.5% со средно и 17.8% со основно образование.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП