13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУНИЦЕФ: Да се подобрат услугите за децата со попреченост

УНИЦЕФ: Да се подобрат услугите за децата со попреченост

unicef

На денешната промоција на извештајот „Проценка на алтернативни форми на згрижување и услуги за поддршка на семејствата и децата со попреченост“, владините партнери, организациите на лицата со попреченост, родителите на децата со попреченост и експертите дискутираа за главните наоди и препораки од извештајот.

Во оваа проценка, нарачана од УНИЦЕФ во соработка со Министерството за труд и социјална политика, се разгледуваат сите достапни форми на алтернативни услуги за грижа и семејна поддршка кои државата и другите актери ги обезбедуваат за семејствата и децата со попреченост.

Извештајот се занимава со два главни аспекта: во колкава мера услугите се ориентирани кон семејствата, и во колкава мера се насочени кон развојот на децата.

Во него се обрнува внимание на потребата од континуирана поддршка на децата од моментот на утврдување на попреченоста, па сè до самостојно живеење. Ова опфаќа достапност на поголем број различни услуги, со што се обезбедува можност за избор на услуги кои најдобро одговараат на потребите на децата додека растат.

Во моментов постојат 30 државни дневни центри за деца со попреченост кои се наоѓаат само во поголемите градови и им даваат услуги само на 10% од сите деца со попреченост во земјата.

Другите препораки опфаќаат натамошно зајакнување на меѓусекторските врски меѓу службите заради подобар одговор кон потребите на децата со попреченост и рана интервенција, со фокус врз идентификување на случаите преку работа во заедницата. Во извештајот се повикува на втемелување на основните принципи на човековите права и на Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ) во сите услуги за децата со попреченост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП