19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБогати поединци се насочуваат кон бизнис недвижностите во Лондон

Богати поединци се насочуваат кон бизнис недвижностите во Лондон

City of London financial centre

Богати приватни инвеститори ги засилуваат своите инвестиции во деловен простор во Лондон и покрај резултатите од гласањето за „Brexit“.

Турски приватен инвеститор пример купил во септември зграда во близина на катедралата „Св. Павле“ за 33 милиони фунти. Тајландски купувач потрошил 75 милиони фунти за друга зграда во централната локација, а купувач од Блискиот Исток дал 90 милиони фунти за деловна зграда во Сити, изнајмена на јапонската банка „Daiwa Capital Markets“.

Странските инвеститори во имот во Лондон достигна рекорден удел од вкупниот број инвеститори на пазарот на недвижности во градот во третиот квартал, објави компанијата за податоци „CoStar“.

Поединци се привлечени од курсот на британската фунта, која силно поевтини по референдумот за членството на земјата во Европската унија (ЕУ).

Ваквите зделки изгледаат како доста ризична стратегија, особено ако Британија заземе „тврда линија“ кон ЕУ и го напушти единствениот европски пазар. Тоа би имало погубно влијание врз пазарот на канцеларии во земјата.

Во повеќето случаи приватните инвеститори се водат од димензиите на зградите и долгорочните договори за закуп при одлучувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП