6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската економија неочекувано стагнира во третиот квартал

Швајцарската економија неочекувано стагнира во третиот квартал

svajci-33

Неочекувана стагнација на Швајцарската економија во третиот квартал поради слабата приватна и државна потрошувачка, соопштува „Bloomberg“.

Бруто домашниот производ (БДП) забележа нулта раст во периодот јули-септември, откако во претходниот беше забележано зголемување од 0,6 отсто, покажуваат официјалните податоци на Секретаријатот за економски прашања. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа БДП-то да се прошири за 0,3 отсто.

Забавувањето на економскиот раст во Швајцарија се совпаѓа со слабеењето во Германија – најголемата европска економија, каде извозот се намали малку, а инвестициите во опрема се намалија. Еврозоната е топ дестинација за извоз на швајцарските производи.

Минатата година економијата на малата алпска држава беше предмет на шок, откако централната банка го промени курсот на франкот, кој нагло поскапе во однос на еврото.

Силната валута продолжува да создава проблеми на голем број компании. И иако заздравувањето во еврозоната продолжува, политичката несигурност поврзана со серијата избори во следната година, може да и наштети на побарувачката.

Позитивен придонес за швајцарската економија доаѓа од потрошувачката на домаќинствата што се зголемува со само 0,1%, а инвестициите во опрема запишуваат раст од 0,5 отсто. Државните расходи се намалуваат за 0,1%, а трговијата исто така натежнува на растот на БДП-то.

На годишна основа економијата на Швајцарија расте со 1,3% во третиот квартал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП