6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрујата за домаќинствата во ЕУ најевтина во Бугарија, најскапа во Данска

Струјата за домаќинствата во ЕУ најевтина во Бугарија, најскапа во Данска

nemastruja

Струјата за широка потрошувачка во првиот квартал од оваа година, според податоците на Европската служба за статистика – Евростат, најевтина била во Бугарија, а најскапа во Данска.

Во Бугарија струјата се продава по просечна цена од 0,096 евра за киловат-час, додека Данците плаќале речиси тројно повеќе од Бугарите – по 0,309 евра за киловат-час.

Струјата во Бугарија е многу поевтина во однос на останатите земји на Балканскиот полуостров – Грците плаќаат по 0,177 евра за киловат-час, а Романците – 0,132 евра.

Меѓу оние кои кои скапо ја плаќаат струјата се Германците – 0,297 евра и Белгијците – 0,254 евра за киловат-час.

Според податоците на Евростат, цената на електричната енергија е намалена во 16 држави на ЕУ во периодот меѓу првото полугодие од 2015 и првото полугодие од 2016 година.

Најголемо намалување, за дури 20 проценти е забележано на Кипар, додека во исто време електричната енергија во Белгија поскапела за 20 проценти.

Просечната плата во Бугарија изнесува 480 евра, а во Данска повеќе од 4.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП