Помошните улици„3“,„4“ и „5“ кои гравитираат на улицата „Алекса Демниевски“ се целосно завршени, информираат од Општина Ѓорче Петров.
Должината на улиците изнесува 501 метар, а истите се широки 6,30метри. Изградени се и тротоари од двете страни на улиците и изведена е атмосферска канализација. Исто така поставено е ново улично осветлување на трите улици.
За овој проект општината од својот буџет одвои 10.5 милиони денари.