19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на европските индекси, рекорд на Dow Jones

Пад на европските индекси, рекорд на Dow Jones

berza-eu3359

На њујоршки Волстрит во четвртокот индексот Dow Jones достигна ново рекордно ниво, благодарејќи на растот на финансискиот и енергетскиот сектор, додека индексите S&P 500 и Nasdaq паднаа поради падот на цените на акциите во технолошкиот сектор, а паднаа и најважните европски индекси.

На европските берзи цените на акциите во четвртокот паднаа, па лондонскиот FTSE ослабе за 0,45 отсто, на 6.752 поени, додека франфуртскиот DAX се лизна за 1,0 процент, на 10.534 поени, а парискиот CAC за 0,39 отсто, на 4.560 индексни поени.

Во Њујорк индексот Dow Jones зајакна за 0,36 отсто, на рекордните 19.191 поен, додека S&P 500 падна за 0,35 проценти, на 2.191 поен, а Nasdaq се лизна за 1,36 отсто, на 5.251 индексен поен.

Новото највисоко ниво на Dow Jones индексот во историјата, доаѓа благодарејќи на растот на цените на акциите во финансискиот сектор, за 1,7 отсто. Поддршка на овој сектор му даваат најавите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за олабавување на регулацијата во банкарството, но и процените дека поради јакнењето на инфлацијата американската централна банката Federal Reserve (Fed) во следниот период ќе го забрза темпото за зголемување на каматните стапки.

Трговците на пазарите на парите проценуваат дека постојат околу 90 отсто шанси дека Fed во декември ќе ги зголеми клучните каматни стапки, што и требало позитивно да влијае врз банките.

Индексот S&P на енергетскиот сектор зајакна, пак, за дополнителни 0,3 отсто, бидејќи цените на нафтата скокнаа за повеќе од 4 отсто, продолжувајќи го својот подем од средата. Имено, тогаш цените на нафтата скокнаа за над 9 отсто откако членките на Организацијата на земјите извознички на нафта OPEC постигнаа договор за намалување на производството, што треба да ја ублажи нерамнотежата на пазарите меѓу преголемата понуда и недоволната побарувачка и така да ја поткрепи цената на „црното злато“.

Од друга страна, пак, веќе со денови под притисок се цените во технолошкиот сектор. Од 8-ми ноември, кога Трамп победи во трката за Белата куќа, индексот S&P 500 зајакна за над 2 отсто, додеа технолошкиот сектор во тој период загуби речиси 3 отсто. Во четвртокот овој сектор падна за 2,3 отсто, при што акциите на „Microsoft“ поевтинија за 1,8, а на „Facebook“ за 2,8 отсто.

„Во атмосферата со високите каматни стапки сакате да плаќате помалку за да остварите заработка на акциите. Се чини дека сега под притисок се акциите со поголем сооднос меѓу цената и заработката“, вели за Reuters Ким Форст, аналитичар во компанијата „Fort Pitt Capital Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП