3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Банка АД Скопје е избрана за Национален шампион на Македонија за...

НЛБ Банка АД Скопје е избрана за Национален шампион на Македонија за 2016/2017 година

nlbtutunska

НЛБ Банка АД Скопје е избрана за Национален шампион на Македонија за 2016/2017 година, на свечената церемонија на доделувањето на Европските бизнис награди (European Business Awards) која се одржа на 1 декември во Загреб, Република Хрватска.

Наградите кои се одржуваат десетта година по ред, опфатија рекордни 33.000 бизниси од 34 европски земји, поддржани од бизнис лидерите, академските и политичките претставници од цела Европа. Европските бизнис награди се најголемото европско натпреварување воспоставено со цел да се наградат извонредноста и најдобрите практики во Европската бизнис заедница, а со тоа и да се поддржи развојот на посилна и поуспешна бизнис заедница низ Европа.

Генерален покровител на наградите е RSM Global, 6-тата најголема мрежа на независни ревизори, даночници и консултантски фирми во светот.

„Им честитам на НЛБ Банка АД Скопје, за изборот за Национален шампион во Македонија. Тие имаат централно значење во успехот на силната европска бизнис заедница и ги покажуваат клучните принципи кои ги бараме од акспет на иновација, етика и успех”, рече извршниот директор на European Business Awards, Адриан Трип.

НЛБ Банка АД Скопје е една од најуспешните банки и водечки деловни институции во Република Македонија, за што Банката контунуирано добива признанија и награди дома и на меѓународен план. НЛБ Банка АД Скопје е осумкратен носител на наградата Банка на годината во Македонија од финансискиот магазин The Banker, а оваа година по втор пат едно по друго ја добива и наградата Национален шампион на Македонија од European Business Awards.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП