13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТивок трговски ден на МСЕ

Тивок трговски ден на МСЕ

mk-berza

Првиот ден од последниот месец во годината, по државниот празник, не донесе изненадувања на Македонската берза за хартии од вредност.

Само 43 трансакции беа реализирани, а вкупниот остварен промет изнесуваше 4,1 милиони денари.

Акцијата на Винарска Визба Тиквеш преку само 10 истргувани акции ја зголеми својата вредност за 17,32 отсто.

Со сите акции се тргуваше во количини помали од нивните дневни просеци на истргувани количини. Од страна на инвеститорите немаше интерес за обврзници.

МБИ10 забележа пад на вредноста од -0,61 отсто, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП