9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокна еврото откако Оланд објави дека нема да се кандидира за втор...

Скокна еврото откако Оланд објави дека нема да се кандидира за втор мандат

pari-evra-evri-evro-gleda

Курсот на еврото на валутниот пазар во Њујорк во четвртокот ноќта по средноевропско време забележал максимален дневен раст по објавата дека францускиот претседател Франсоа Оланд нема да се кандидира за втор мандат.

Францускиот претседател Франсоа Оланд, чијашто популарност е на историски најниските нивоа, претходно во четвртокот вечерта во телевизиски обраќање до нацијата соопшти дека ја сфаќа ситуацијата и донел одлука да не се кандидира на претседателските избори пролетта 2017 година.

Според податоците на Reuters, веднаш по објавата од Елисејската палата, еврото пораснало за 0,60 отсто, на 1,0647 американски долари.

Претходно во текот на тргувањето во четвртокот еврото зајакна за 0,26 отсто во однос на затворањето на претходниот трговски ден, и со него се тргуваше по 1.0615 долари.

Според аналитичарите, тоа може да значи благо подзапирање на силниот раст на курсот на доларот во текот на изминатите два месеца, кој дополнително се интензивираше по изборната победа на Доналд Трамп на 8-ми ноември,

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП