12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ40 проценти помалку шеќер во чоколадите на Nestle

40 проценти помалку шеќер во чоколадите на Nestle

nestle

Прехранбениот гигант Nestle соопшти дека дошол до научно откритие кое ќе овозможи намалување на количеството шеќер во чоколадата да се намали за 40 отсто.

Компанијата наведува дека нејзините истражувачи пронашле начин со помош на природни состојки да се користи поинаква структура на шеќерот, што ќе овозможи значително помалку да се користи без промена на вкусот на чоколадата и колачињата.

„Новиот шеќер кој побрзо се раствора ќе овозможи Nestle да го намали количеството шеќер во своите благи производи, додека воедно ќе го задржат одличниот вкус“, се наведува во соопштението.

Nestle ќе ги патентира своите откритија и ќе почне да го користи новиот шеќер во своите производи од 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП