3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБуџетот на ЕУ за 2017-та доби финално одобрување и од Европскиот парламент

Буџетот на ЕУ за 2017-та доби финално одобрување и од Европскиот парламент

eu-evra-22

Европскиот парламент го даде конечното одобрување за буџетот на Европската унија (ЕУ) за следната година, се наведува во соопштението на ЕП.

Европратениците одлучија Унијата да располага со повеќе финансии за поголема поддршка на невработените млади, да има повеќе дополнителни средства за клучни иницијативи за поддршка на малите и средните претпријатија, транспортни и инфраструктурни проекти, истражување и образование.

Буџетските средства за обврски се 157,86 милијарди евра, а 134,49 милијарди евра се буџетски кредити за плаќања.

Европратениците во Брисел го прифатија финансискиот план со 438 гласа „за“, 194 гласови „против“ и седум „воздржани“.

Младина, работни места и раст

За следната година се предвидени 500 милиони евра повеќе во поддршка на младите при наоѓање на работа. 200 милиони евра се обезбедени за промовирање на економскиот раст и отворањето на работни места.

Бегалска и имиграцискa криза

Со над 11% се зголемува буџетот поврзан со бегалската и миграциската криза. Средствата ќе се користат од страна на земјите членки за поместување на бегалците, создавање на приемни центри, интеграција и враќање на странци кои немаат право да останат на територијата на ЕУ.

Дел од средствата ќе се насочат за засилување на границите на Унијата и за антитерористички иницијативи.

Европратениците гласаа за 728 милиони евра, кои ќе бидат насочени за справување со миграцијата, вклучувајќи 28 милиони евра повеќе за Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци во Блискиот Исток (вкупно 310 милиони евра) и три милиони повеќе за поддршка на мировните преговори на Кипар (вкупно 34,8 милиони евра).

„Ние ги постигнавме целите. Буџетот за 2017-та година е силно ориентиран кон нашите приоритети, со кои се зајакнува економскиот раст, создавањето на работни места, особено за младите, и справувањето со миграциската криза. Дополнителните 500 милиони евра кои ги додадовме кон Иницијативата за младинското вработување, се јасен сигнал дека ЕУ треба да дејствува. Ние, исто така, направивме се што е можно за да се справиме со причините за миграцијата“, рече Јенс Гајер (С&Д, Германија).

„Многу е жално што Комисијата го игнорираше предлогот на Собранието и не ја додаде точката која бара ставање во резерва на плаќањата за поранешни комесари, додека не биде затегнат Кодексот за однесување. Овој предлог беше усвоен од парламентот со големо мнозинство и треба да го подобри однесувањето на комесарите, како и подоцна тој на институциите како целина“, рече известувачот на останатите секции Индрек Таранд (Зелените, Естонија).

Тој додаде: „Предлогот што претседателот на Комисијата, Јункер неодамна го испрати на претседателот на ЕП, Шулц за подобрување на Кодексот на однесување преку продолжување на периодот на „ладење“ до две години, е чекор во вистинската насока, но не е доволен, бидејќи преодните плаќања за поранешните комесари траат три години“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП