6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗачинети шејкови кои ќе го чуваат вашето здравје оваа зима

Зачинети шејкови кои ќе го чуваат вашето здравје оваа зима

%d1%88%d0%b5%d1%98%d0%ba1

Зачините и шејкот се два збора кои што вообичаено не одат еден покрај друг, но зачините како куркумата, алевата пиперка и циметот се полни со антиоксиданси и останати состојки кои го чуваат здравјето на вашиот црн дроб, кожата и имунолошкиот систем, односно поволно влијаат на целокупното здравје.

1. Зачинет шејк од мешавина од зелен зеленчук

%d1%88%d0%b5%d1%98%d0%ba2

Овој шејк ја зголемува енергијата, го регулира нивото на pH вредноста и му помага на телото за да се ослободи од токсините благодарение на лимонот и алевата пиперка. За малку да го засладите, додадете мед, кој што има големо антибактериско и антивоспалително дејство.

Потребни состојки:

– 350мл обезмастено млеко

– 150гр мешан зелен зеленчук

– 30гр бобичесто овошје, свежо или замрзнато

– 1 лажица излупен корен од ѓумбир

– 1 лажица мед или стевиа

– 1 лажица мелено ленено семе

– прстофат алева пиперка

– сок од еден лимон

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека да добиете глатка смеса. Може да ја изоставите алевата пиперка а потоа после миксирањето да ја посипете како декорација.

2. Шејк за чистење на организмот

%d1%88%d0%b5%d1%98%d0%ba3

Коријандерот е одличен за намалување на лошиот холестерол и за отстранување на металите од телото. Во комбинација со зелен зеленчук, куркума и бобичестоовошје ќе добиете шејк богат со влакна кој што е полн со антиоксиданси.

Потребни состојки:

– 350мл обезмастено млеко

– 150гр мешан зелен зеленчук

– 50г бобичесто овошје

– 70гр коријандер

– 30гр куркума

– прстофат цимет

– сок од еден лимон

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека да добиете глатка смеса. Циметот може да го изоставите и да го додадете на крајот како декорација.

3. Шејк за зајакнување на имунитетот

%d1%88%d0%b5%d1%98%d0%ba4

Изборете се со зимските настинки со помош на овој шејк кој што со силата на алевата пиперка, кељот, магдоносот и ѓумбирот го зголемува имунитетот. Додадете малку мед кој што е посебно добар ако страдатеод кашлица или болки во грлото.

Потребни состојки:

– 350мл обезбасметно млеко

– 100гр кељ

– 50гр магдонос

– ½ црвена пиперка

– 1 лажица корен од ѓубир

– стевиа или 1 лажица мед

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте се додека не добиете хомогена смеса.

4. Шејк за прочистување на црниот дроб

%d1%88%d0%b5%d1%98%d0%ba5

Листовите од глуварче и магдоносот се главни ѕвезди во овој кремаст шејк за детоксикација. Познати по тоа дека помагаат за прочистување на црниот дроб, алевата пиперка и ротквицата се тука за малку да ги зачинат нештата.

Потребни состојки:

– 350мл обезмастено млеко

– 100гр спанаќ

– 50гр магдонос

– 3 листови од глуварче

– 1 ротквица

– ½ излупен грејпфрут

– прстофат алева пиперка

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксирајте додека да добиете хомогена смеса. Може да ја изоставите алевата пиперка и да ја додадете на крајот како декорација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП