3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Турција се зголеми бројот на милијардери

Во Турција се зголеми бројот на милијардери

istanbul-turkey

Бројот на милијардери во Турција, се зголеми за двајца и сега има 29, покажа извештајот за глобалните приходи во 2016 година од швајцарската банка Credit Suisse.

Во Турција стапката на просечниот приход е ниска и по тој показател земјата е рангирана меѓу сиромашните држави.

Најмалку 8,3 милиони турски граѓани спаѓаат во најниската категорија со приходи. Од оваа гледна точка, состојбата на 15,4 отсто од населението во Турција не надминува 248 долари по човек. Според овој показател Турција се наоѓа на 19-то место.

Во исто време 77.000 турски граѓани поседуваат над еден милион долари, а 1.720.000 турски граѓани имаат над 100.000 долари.

Турција се наоѓа на 15-то место во светот по бројот на милијардери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП