17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВоведен дополнителен данок за луксузните автомобили во Кина

Воведен дополнителен данок за луксузните автомобили во Кина

china-auto-show-167109948-583fdd67448eb

Во Кина е воведен дополнителен данок од 10 отсто за луксузните автомобили со цена над 1,3 милиони јуани ( 189.000 долари ).

Оваа мерка ќе влијае на автомобилите од полуксузнте марки како: Ferarri, Bentley, Aston Martin, Rolls Royce и други. Владата во Кина оваа мерка ја објаснуваат како акција против демострацијата на богатство, што веќе е со зголемено темпо.

Кина е еден од најголемите пазари за производителите на луксузни автомобили. Од министерство за финансии во Кина велат дека оваа мерка ја воведуваат со цел да се одреди насоката кон рационалната потрошувачка и стимулирање на намалувањето на штетните емисии гасови што ги испуштаат автомобилите.

ВладејачкатаКомунистичка партија воведе и нови правила и ограничувања за претставниците на оваа политичка партија, за укинување на раскошот од нивна страна со цел да се одржуваат одредени стандарди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП