25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкокот на цените на нафтата не поттикна раст на индексите на Волстрит

Скокот на цените на нафтата не поттикна раст на индексите на Волстрит

Wall-Street

На Волстрит во средата индексите S&P 500 и Nasdaq паднаа, иако силниот скок на цените на нафтата го поттикнаа растот на акциите во енергетскиот сектор.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,01 отсто, на 19.123 поени, додека индексот S&P 500 ослабе за 0,27 проценти, на 2.198 поени, а Nasdaq индексот се лизна за 1,05 отсто, на 5.323 индексни поени.

И покрај малите придвижувања на берзанските индексите, во текот на целиот ноември цените на акциите силно пораснаа. Индексот Dow Jones скокна за 5,4 отсто, S&P 500 за 3,4 а индексот Nasdaq за 2,6 отсто.

Пред една седмица сите три индекса ги достигнаа и највисоките нивоа во историјата, бидејќи инвеститорите очекуваат новиот претседател на САД да го одржи ветувањата од предизборната кампања за зголемување на фискалната потрошувачка, намалување на даноците, вложување во инфраструктурата, олабавување на регулацијата во поедини сектори и протекционизмот во трговската политика.

Најмногу во средата скокнаа цените на акциите во енергетскиот сектор, во просек за 4,5 отсто, благодарејќи на скокот на цената на нафтата за повеќе од 9 отсто откако членките на Организацијата на земјите производители на нафта (OPEC) на средбата во австриската престолнина Виена постигнаа договор за намалување на производството.

Овој прв договор на OPEC за намалување на производството по 2008 година би требало да ја ублажи нерамнотежата на пазарите меѓу преголемата понуда и недоволната побарувачка, и така да ја поткрепат цената на „црното злато“.

Значително пораснаа и цените на акциите на банките, откако Стивен Мначин, бакар од њујоршки Волстрит и иден министер за финансии во администрацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, изјави дека даночната реформа и трговските договори ќе бидат приорите на новата американска влада. Така, цената на „Bank of America“ скокна за 4,5 отсто.

Од друга страна, пак, значително паднаа цените во комуналниот и телекомуникацискиот сектор, бидејќи тие сектори се чувствителни на движењето на каматните стапки, а тие, според сé судејќи, во иднина ќе растат. Цените на акциите во комуналниот сектор паднаа во просек за 2,2 отсто, додека во телекомуникацискиот сектор меѓу најголемите губитници беше акцијата на AT&T со пад на цената од 2,2 отсто.

„Ваквите движења се веројатно последица на пренасочувањето на вложувачите. Доколку подемот на цените на нафтата продолжи, тоа ќе го поддржува американскиот енергетски сектор. Од друга страна, доколку растот на економијата забрза, големи се шансите (американската централна банка Federal Reserve) Fed да го забрза темпото на зголемувањето на каматните стапки“, вели за Reuters Тим Гриски, директор во компанијата „Solaris Group“.

Големи се шансите дека Fed ќе ги зголеми каматите уште на седницата во декември, а доколку забрза растот на инфлацијата, што се очекува имајќи ги предвид најавените политики на Трамп, банката следните години би можела да го забрза темпото на зголемување на цената на парите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП