3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на стапката на невработеност во еврозоната

Пад на стапката на невработеност во еврозоната

nevraboteni-rast

Стапката на невработеност во зоната на земји кои го користат еврото опадна во октомври на под десет проценти, што е најмалку во последните седум години.

Стапката на невработеност во октомври изнесувала 9,8 проценти, а во септември таа била 9,9 проценти, се наведува во новите ревидирани податоци на Евростат, агенцијата на ЕУ за статистика.

Овие вредности и понатака се поголеми од оние во периодот пред почетокот на глобалната финансиска криза во 2008 година. Во март таа година, невработеноста во 17-те земји членки на евроозната била на нивото од 7,2 проценти.

Во октомври невработеноста опаднала во 14 држави од еврозоната, на Кипар и во Литанија останала непроменета, додека на Малта незначително пораснала. Нема податоци за Естонија и Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП