Европската инвестициона банка (ЕИБ) за мали и средни компании од Западен Балкан обезбеди нови 24 милијарди евра во наредните четири години.
Средствата од заедничкиот фонд за македонските фирми се веќе достапни и тие можат да аплицираат. Условот е да имаат добар инвестициски проект.
Финансирањето ќе се спроведува преку домашните банки освен ако не станува збор за големи проекти од 15 до 20 милиони евра. Тие ќе се финансираат директно од Европската инвестициска банка.
Претходно од ЕИБ македонските фирми на располагање имаа 350 милиони евра поделени во четири дела.
Поголем дел од овие средства се веќе искористени. Интересот прво бил голем кај индустриските компании, а потоа почнале да се користат и во трговијата и во угостителството.
Средствата од Европската инвестициона банка во Македонија се користат од 2008 година со почетокот на глобалната економска криза кога се наметна потребата од евтини кредитни линии.