29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните обврзници забележале одлив од 1,7 илјади милијарди долари за ноември

Глобалните обврзници забележале одлив од 1,7 илјади милијарди долари за ноември

ilustracija-akcii3

Пазарот со 30-годишни обврзници изгледа ќе заврши со експлозија, коментира „Bloomberg“.

Индексот „Bloomberg Barclays Global Aggregate Total Return Index“ бележи опаѓање од 4% за ноември, што е најголем пад на показателите од нејзиното основање во 1990-та година.

Акумулацијата на економскиот моментум во САД и победата на Доналд Трамп на изборите за претседател – заедно со ветувањата за намалување на даноците и за трошоци за инфраструктура во износ од 1 илјади милијарди долари, ги натераа инвеститорите да се ослободат од обврзниците кои нудеа речиси рекордно ниска профитабилност, и да се насочат кон акции.

Мислењето дека доаѓа крајот на 30-годишниот пазар на обврзници, веќе не изгледа бесмислено.

Се очекува ФЕД да започне да ги зголемува каматните стапки – и тоа почесто од еднаш годишно, инфлациските очекувања се зголемуваат, а има и сигнали дека глобалните централни банки може да купуваат помалку државни хартии од вредност (Влада) во иднина. Инвеститорите преземале 10,7 милијарди долари од американските фондови за обврзници во двете недели по победата на Трамп, што е најголем одлив од 2013-та година. Во исто време индексите за акции во САД долета до рекордни височини.

„Многу луѓе почнуваат да мислат дека тоа е крај на „биковото“ рели“, рече Роџер Бриџес, главен глобален стратег по каматните стапки и валутите во австралискота поделба на „Nikko Asset Management“, кој управува со 14 милијарди долари.

„Приносот по 10-годишните американски државни обврзници може да се зголеми до 2,7% во јануари. Трендот е ваш пријател“, вели Бриџес.

Избришани се 1,7 илјади милијарди долари од вредноста на глобалниот индекс за ноември, кој исто така е рекорд, а во истиот месец капитализацијата на светските берзи се зголеми за 635 милијарди долари.

Приносот по 10-годишните американски обрзници се зголеми за 56 базични поени во ноември, што е најголем скок од 2009-та година и се тргуваа за околу 2,38% на берзата во Лондон во четвртокот наутро. Просечниот принос по индексот „Bloomberg Barclays Global“ порасна до 1,61% на 23-ти ноември, откако достигна рекорден минимум од 1,07% на 5-ти јули.

Растот на приносот ги покажува ограничувањата на политиките за квантитативно олеснување на најголемите централни банки, вели Бриџес. Обврзниците ќе бидат особено ранливи, ако Европската централна банка одлучи да ја намали програмата за откуп на државни обврзници на средбата на 8-ми декември, додаде Бриџес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП