20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Принцезата на хармоника“ гостува во Скопје

„Принцезата на хармоника“ гостува во Скопје

PIC PHIL TRAGEN

За прв пат во Македонија гостува „принцезата на хармоника“ Ксенија Сидорова од Латвија.

Македонската филхармонија ќе одржи концерт „Алхемија“ на 1 декември во Домот на АРМ во 20 часот, каде како солист ќе се претстави Ксенија Сидорова која се смета за водечки амбасадор на хармониката и за една од најатрактивните млади музички уметници денес.

Фантастичната Сидорова ќе го изведе популарниот Концерт за бандонеон од таткото на новото танго, аргентинскиот композитор Астор Пјацола, кој премиерно ќе прозвучи во Македонија.

Диригент е фантастичниот Даниел Рајскин од Русија, а на програмата ќе бидат изведени и симфониската поема „На бреговите на реката Сент Морис“ од канадскиот современ композитор Жак Ету, дело кое исто така ќе ја доживее македонската премиера, како и егзотичната Симфониска свита „Шехерезада“ оп.35 од Николај Римски Корсаков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП