20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија го презема претседателството на Г-20

Германија го презема претседателството на Г-20

g203333

Германија од денеска (1-ви декември) го презема претседателството на Г-20, таа ќе го предводи во рок од една година. Г-20 ќе биде застапена од министерот за финансии на Германија, Волфганг Шојбле.

Во официјално соопштение Шојбле предупреди за најважните индустриски земји во развој од групата Г-20 за економските порази, за враќањето кон национализмот и изолацијата.

Според изјавите на Шојбе, глобалните предизвици бараат глобални решенија и тие можат да бидат постигнати само преку заеднички напори. А оваа година светската економија ќе се соочи со повеќе пречки. Врв на германското претседателство ќе биде самитот што ќе се одржи во почетокот на јули во Хамбург. На него се очекува да присуствуваат новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Канцеларката Ангела Меркел ќе го користи претседателството, за да го насочи вниманието кон проблемите на Африка и здравството.

Групата Г-20, е група од 19 земји со најголеми економии во светот плус Европската унија, презентирана од државата претседавач на Советот на Европската Унија. Таа изучува, прегледува и промовира дискусии за политички прашања поврзани со промоција на меѓународната финансиска стабилност и има за цел да ги разгледува прашања што се надвор од одговорноста на секоја друга организација.

Водењето со Г-20 се менува секоја година, изминатава година Г-20 ја предводеше Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП