19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот производител на челик ги гаси печките

Најголемиот производител на челик ги гаси печките

arcelormittal1

Најголемиот производител на челик во светот, францускиот „Arcelor Mittal“, објави дека од утре дефинитивно започнува со гасење на печките во источна Франција.

Печките од октомври 2011 година паузираа, подготвени за почеток на производството, но до тоа не дојде бидејќи цената на челикот не е поволна.

Ќе престанат да работат четири печки во железарата во Флоранж. Таа информација ја потврдија Пјер Анри Орсон, генералниот директор на „Arcelor Mittal Atlantik“ и синдикатот.

„Arcelor Mittal“ во 2011 година произведе 97,2 милиони тони челик, а на листата за најголеми компании во светот, вклучувајќи ги сите области, беше на 70 место.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП